Славни

Го списка еден век: Холивудската легенда полни 100 години

Легендарниот американски актер Кирк Даглас, кој е еден од последните живи ѕвезди на т.н.. златна ера на Холивуд,го  слави својот 100-годишен јубилеј.

9-12-kirk-daglas1

Како раскажа самиот тој во интервју за неделникот “Клоузр викли” (Closer Weekly), тој ќе  го одбележи празникот, кој ќе биде навистина голем, во вилата во Лос Анџелес (Калифорнија).

9-12-kirk-daglas2

Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запомнет меѓу другото и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.

9-12-kirk-daglas3
Тој трипати беше номиниран за наградата Оскар за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш и тоа во 1996 година, кога доби Оскар за животно дело

Advertisements
To Top