Гејтс со торта за Бафет: „Честит 90. роденден, Ворен“ – еве како ја направи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, со орео торта која ја направил сам му го честиташе 90. роденден на Ворен Бафет.

Гејтс на Твитер објави видео со кое му се обраќа на пријателот Ворен Бафет. На површината на тортата бил исцртан ликот на Бафет, пренесе „Си-Ен-Ен“.

„Среќен 90. роденден“, порача Гејтс.

Бафет е познат по тоа што сака благо и пие многу кока-кола, каде што е и голем инвеститор, а има и своја фабрика за слатки. Како што наведува „Си-Ен-Ен“, Гејтс и Бафет се долгогодишни пријатели.

Гејтс не случајно се одлучил да направи орео торта. На својот блог тој напишал дека во една прилика го видел Бафет додека го јадел омилениот десерт за појадок- орео.