Коронавирус тетоважи – нов тренд во „украсувањето“ на телото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога кон крајот на годината ќе се бира збор на годината, тој сигурно ќе биде- корона. Пандемијата на коронавирусот дефинитивно ја одбележа 2020, година која ќе биде запаметена како една од најлошите било кога.

Преку ноќ ги промени животите низ целиот свет, кој одеднаш е на колена, а вирусот ја промени глобалната економија и усмрти огромен број на луѓе.

Заштитните маски стана секојдневие, бројни светски дизајнери направија и стилизирани, декоративни заштити за лице. Но многумина одлучија со вирусот да се борат на чуден начин, засекогаш да го имаат врежан под нивната кожа во форма на тетоважа.

Одредени луѓе пандемијата ја оставаат зад себе и не размислуваат за неа, други пак ставаат тетоважи на своето тело кои засекогаш ќе ги потсетуваат на 2020, годината на короната.

Нивните тетоважи така ќе станат и останат дел од личната но и колективната меморија. Затоа што од кога постои човековата потреба за украсување на телото, тоа претставува некој вид на личен споменар, животна сликовница, која ги собира убавите и лошите спомени.

Можеме да кажеме дека тетоважите инспирирани од пандемијата на коронавирусот нов тренд во светот во последните неколку месеци.

Некој од нив искажуваат почит кон здравствените работници, други прикажуваат заштитни маски во различни, понекогаш и шеговити контексти, а многу во својот фокус го имаат миењето на реце.

Секако, не сите тетоважи се посветени на вирусот и познатата истоимена пивска компанија, тука се и оние со тоалетната хартија, што беше најбаран артикл во време на пандемијата.