Кривична пријава за Мевлудин Алити – сопственик на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од МВР денес информираат дека е поднесена кривична пријава против сопственикот на дивоградбата кај Мавровка. Според иницијалите, станува збор Мевлудин Алити, сопственикот на кафулето Фонтана, пренесува Фокус.

-Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М. А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење” по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка.

Од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење” од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО – Скопје е поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.