Нанодијамантска батерија која трае 28.000 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истражувачите и иноватори од стартапот NDB тврдат дека изработиле и тестирале батерија која со еден удар би можела да реши два проблеми кои во овој момент го мачат светот на технолошката индустрија и производство кој забрзано се шири со несопирлива брзина.

Тие тврдат дека иновирале нанодијамантска батерија (NDB) која е направена од вештачки создаден дијаман и нуклеарен отпад.

Иако звучи помалку необично, таквата батерија би можела скоро никогаш да не се испразни, односно би можела да трае неверојатни 28.000 години без додатно полнење. Како што истакнуваат од NDB, нивната технологија овозможува поефикасно искористување на електричниот напон од дијамантите кои се користат во создавање на батеријата.

Покрај тоа, батеријата не создава никаква штета за време на работата, а потребен и е само пристап до отворен воздух. Во NDB се надеваат дека ќе успеат да ја искомерцијализираат своите батерии и дека ќе ги претворат во корисен извор на енергија за сите од електрични авиони, бродови, возила па до помали уреди како паметни телефони и преносливи уреди.

Мементало во NDB се задоволни од успешните тестирања на својот концепт за нанодијаманстка батерија, а желба им е на направат функционален прототип до крајот на оваа година.

Интерес за овие батерии веќе покажале компании од нуклеарната, но и авионската и одбранбената индустрија.