Гејтс: 30 милиони ќе умрат – светот нека се спрема за ОВА исто како за светска војна


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Основачот на технолошкиот гигант Мајкрософт и еден од најбогатите и највлијателни луѓе на планетата, милијардерот Бил Гејтс, смета дека светот треба да се подготвува за пандемијата што му претстои, и тоа на ист начин како што би се подготвувал за војна.

Гејтс верува дека смртоносна епидемија ќе ја погоди нашата планета во текот на следната деценија и дека смртоносната болест ќе убие над 30 милиони луѓе за неколку месеци, најмногу за шест.

Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнесе во петокот на научен собир во Масачусетс, а за тоа зборуваше и претходно, само со нешто помала убеденост во своите тврдења.

Истакнувајќи дека „обично е оптимист“, Гејтс кажа: „Постои една област во која светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа е подготвеноста за избивање пандемија“, кажа тој, напоменувајќи дека следната пандемија може да потекне од екраните на компјутерите.

За да биде сфатен сериозно, тој истакна и дека за оваа опасност за која зборува ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Изгледа дека и американскиот Конгрес смета дека Гејтс е во право, бидејќи одобри дополнителни средства за Националниот конгрес за контрола и превенција на болестите.

Се претпоставува дека токму САД ќе ја предводат глобалната иницијатива сите држави да работат на подготовки за избивање на пандемија.