Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот фудбалер на Лидс кој пристигна од Манчестер Јунајтед, Даниел Џејмс откри детали од неверојатната сторија која му се случила вчера.
Во ист ден се погоди да му се роди син и да игра натпревар од Лига Купот против Фулам, па не сакаше да пропушти ниту еден од двата настани.
Раѓањето на неговиот син започнало рано утрото, а неговата сопруга Рија Џејмс се породи попладнето во Манчестер.
Џејмс присуствуваше на раѓањето на синот, а потоа изнајми хеликоптер и стигна на време на натпреварот кој се играше на далечина од 340 километри.
„Беше многу далеку и мачно да го поминам тој пат со автомобил, па изнајмив хеликоптер. Приказна за паметење“, откри Џејмс.
На крајот Џејмс стигна да постигна и гол за Лидс во пенал серијата, откако мечот заврши без голови.