Фото-најава за Aventador S Jota – новиот „ѕвер“ од Lamborghini


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што се претпоставува, станува збор за нова и најверојатно финална верзија на моделот „Aventador“ кој за прв пат се појави во 2011 година.

Новиот модел, според гласините, би требало да биде „Aventador S Jota“.

Се очекува дека 6.5 литарскиот атмосфесрски V12 мотор ќе располага со повеќе од 770 коњски сили.

Освен тоа, автомобилот ќе доживее и други промени кај погонот и шасијата, а ќе и биде изменет и предниот дел, праговите, задните калници и отвори за воздух.

Премиерата е најавена за 7 јули, кога ќе бидат соопштение и повеќе детали.