Фото: Ѓоковиќ го прекина мечот за да му помогне на еден навивач!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Париз откако синоќа го совлада Португалецот Жоао Соуса со 7-5 и 6-1.

Меѓутоа победата на Ѓоковиќ остана во втор план поради еден потег кој го направи Србинот.

При самиот финиш на мечот му се слоши на еден навивач, а Ѓоковиќ го забележа тоа и го прекина мечот, па тргна да му помогне.

По укажувањето помош, господинот беше изнесен од арената, а Ѓоковиќ доби громогласен аплауз.