Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ ќе донира уште 250 милиони долари за вакцина против КОВИД-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фондацијата на моќниот технолошки могул Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда денес најави уште една донација во износ од 250 милиони долари за поевтина и подостапна вакцина против КОВИД-19. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донира вкупно 1,75 милијарди долари.

„Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да ги направат тестовите, лековите и вакцините достапни за оние на кои им се потребни“, велат од фондацијата.

Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во неразвиените и умерено развиените земји, додаваат од фондацијата.

Велика Британија стана првата земја што започна да вакцинира против ковид-19 во вторникот, кога 90-годишник ја прими вакцината на Pfizer-BioNTech.

Канада вчера ја одобри вакцината, а американската Администрација за храна и лекови денеска ќе се собере надворешни експерти за да разговараат дали да ја препорачаат или не.

Вакцината Пфајзер е комплицирана, особено за сиромашните земји, бидејќи мора да се чува на многу ниски температури.

„Новите лекови и потенцијални вакцини може да се појават на почетокот на следната година. Но, тие ќе спасат животи само ако стигнат таму каде што треба“, истакна Бил Гејтс.

Уште еден американски производител ,Модерна, кој тврди дека нејзината вакцина е ефикасна 94,5 проценти, побара одобрување во САД и ЕУ.