Фитнес тренер открива како Марго Роби ја одржува својата идеална фигура


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дејвид Хигинс е американски фитнес тренер кој се грижи за кондицијата, одржување на физичкиот изглед и линија и телесната форма на познатата актерка Марго Роби.

Хигинс смета дека постојаната приказна за појадокот како најважен оброк во текот на денот е преценета.

„Податокот дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот ни го сервираа како маркетиншка кампања во текот на четириесеттите години на минатиот век, кога требало да се продаваат јајца. Растевме верувајќи во ова“ – изјави тој објаснувајќи ја својата теорија која заговара да не се јаде и по 16 часа дневно.

Тоа отприлика значи дека првиот оброк треба да биде ручек попладне и вечерата околу осум часот навечер.

Изајави дека на таков начин му даваме на организмот и метаболизмот време да ја процесираат убаво храната.

Ваков режим на исхрана спроведува и Марго Роби, но само тогаш кога ќе се најде во некоја поважна улога на филм и кога треба да се појави на црвениот тепих.