Славни

„Фетишите“ на Мејведер: Купил девет луксузни автомобили и им ги подарил на пријателите

44-годишниот Мејведер го посети салонот Chop of Towbin Auto Group во Лас Вегас и направи поголема сметка. Купил вкупно девет автомобили, поточно Rolls-Royce White Ghost, Mercedes S560, Mercedes Maybach, Dodge Journey, два автомобила Dodge Chargera и три Dodge Challenger.

Вкупно потрошил околу 1 милион американски долари и ги подарил сите автомобили, освен Ролс Ројс, со неговите најблиски пријатели, членови на тимот и неименувани членови на семејството. Инаку, тој досега купил дури 157 автомобили од овој изложбен салон, вклучително и 29 Ролс Ројса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)

Звучи како големи пари, но тоа е буквално ситница во споредба со најмалку 50 милиони долари што ги заработи од неделната борба против Логан Пол. На крајот на краиштата, Мејведер се смета за најплатен спортист во последната деценија. Заработил неверојатни 915 милиони долари, пишува TMZ Sports.

To Top