Ким му пишува јавно дека „ќе го сака цел живот“, а тој во Франција со Ирина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Додека старлетата Ким Кардашијан јавно објавуваше нивни заеднички фотографии и му упатуваше романтични пораки дека „ќе го сака цел живот“, Канје Вест е снимен во Прованса со Ирина Шајк.

Фотографиите објавени од Дејли Меил се појавија по бројните гласини дека Канје, кој е во процес на развод од Ким, бара утеха во прекрасна манекенка.

Канје и Ирина се снимени заедно како шетаат во Прованса, Франција, каде според „Дејли меил“ престојувале заедно во луксузниот хотел Вила Ла Косте.

Фотографиите се направени на роденденот на Канје, истиот ден кога Ким му испрати јавна честитка во која рече дека ќе го сака до крајот на животот.

Ирина и Канје се познаваат веќе неколку години. Тие се запознал кога таа се појавила во неговиот спот за песната Power од 2010 година. Пред неколку недели, папараците ја уловија облечена во маица дизајнирана од Канје.