Фаќа чекор со времето: Островот на еден од најбогатите луѓе на 20-ти век ќе добие нов изглед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грчкиот остров Скорпиос, што беше во сопственост на еден од најбогатите луѓе во минатиот век, Аристотел Оназис, го менува својот изглед откако грчката Влада му го одобри инвестицискиот проект на новиот сопственик, магнатот Дмитриј Риболовлев.

Проектот предвидува изградба на 20 до 22 вили, сите со големина од 500 до 1.200 метри квадратни, спа, финтес центри, и ресторани, со што целосно ќе биде сменет сегашниот изглед на островот.

Грчката Влада одобри два нови објекти во вредност од 181.400.000 евра, наведувајќи дека со тоа значително ќе биде зголемен степенот на економијата во земјата.