Џејмс Меј сепак го „преживеа“ трејлерот за новито Grand Tour


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвезда на промо видеото за втората сезона од популарното сериско автомобилско шоу кои почнува на 8 декември е Џејмс Меј.

Во најавата се појавува со двајцата други водители, Џереми Кларксон и Ричард Хемонд, но во болнички кревет, што алудира на здравствените несреќи кои им се случија во паузата помеѓу емитувањето на првата и втората сезона на Grand Tour.

Потсетуваме, Хемонд летоска доживеа тежок судир во Швајцарија за време на снимањето на една од новите епизоди, додека го возеше електричниот суперавтомобил Concept-One, а Кларксон беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови.

Најавата за новата сезона е окарактеризирана со типичен хумор по кој се познати тројцата водители уште од времето на Top Gear за BBC, а од заборавот, само за оваа прилика, беше извлечен Fiat Panda, кој своевремено беше омилен автомобил на Џејмс Меј.