„Ево зоре, ево зоре, еј Ѓурѓевдан је“: Со јагниња на ражен, со пивце, со сè – грмење среде Берлин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германските медиуми пренесуваат дека берлинската полиција во неделата, на Ѓурѓовден, интервенирала во еден од градските паркови, каде група излетници на ражен печеле 12 јагниња.

Ражените, како што објавија од полициските служби, биле поврзани на автомобилски акумулатори. Според написите од Der Tagespiegel, животните на ражен ги печеле група излетници со балканско потекло.

„Никој не сакаше да преземе одговорност“, изјавија од полицијата. Била повикана и противпожарна служба поради жарта.

„Речиси 150 луѓе лежеа на ливадата, деца трчаа околу жешките жаришта на тревата. И над сето тоа – јагниња. Дванаесет. Се вртеа на ражните над јагленот под нив, на сонце, вртени од автомобилски акумулатори“, објавија од берлинската полиција на Фејсбук.

Тие додадоа дека правењето скара во тој парк е дозволено, но не на начин на кој го направиле овие излетници на христијанскиот празник Ѓурѓовден, ризикувајќи на лесен начин да предизвикаат пожар.