Еве што прават славните додека се во самоизолација заради коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пандемијата на коронавирусот принуди откажување или одложување на голем број концерти и филмски проекции и премиери, а славните ѕвезди од шоубизнисот се самоизолираа заради вонредната состојба во светот, со цел да придонесат за спречување на ширењето на вирусот и своја лична заштита.

Нивните профили на Инстаграм се полни со охрабрувачки пораки што треба да послужат како пример за многу следбеници.

– Шести ден во (само) изолација! Се забавуваме со видео игри, играње карти, се грижиме за себе и за другите … Ослободете го умот од стрес и движете се колку што е можно помалку … Обидете се да не им го пренесете вирусот на другите, а во случај да го имате, одлично е да останете дома, направете го тоа за светот – напиша пејачката Лејди Гага на Инстаграм, и објави фотографија од сопствениот дом, каде се дружи со нејзиното ново момче, Мајкл Полански.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Нејзиниот колега Џони Леџенд не ја напушта куќата – тој отиде еден чекор подалеку и го пренесе својот сопствен концерт преку социјалните мрежи. Додека тој свиреше пијано и пееше, неговата сопруга, манекенката Криси Тејген, „облечена“ само во крпа се појави во видеото, а нивната 3-годишна ќерка Луна побара од татко и да ја пее омилената песна на Дизни, „Убавицата и ѕверот“, за време на настапот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Legend (@johnlegend) on

Контактите со надворешниот свет ги минимизираа и пејачот Џастин Бибер и сопругата, манекенката Хејли Болдвин. Сопружниците, наводно, се во Канада, и тие го „убиваат“ времето дома – со танцување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

И британската манекенка Деми Роуз е во самоизолација, но очигледно решила да поработи на тенот. На Инстаграм, се пофалила со фотографија на која позира целосно гола со пријателката Кинси Волански. Таа не сакаше на нејзините следбеници да им открие точно каде се наоѓа, но ако продолжи да објавува слична „жешка“ содржина, веројатно е дека никој не би ја обвинил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on