Прекина на работата во „Кромберг и Шуберт“ – вработените на колективен одмор најмалку 14 дена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ лоцирана во битолската индустриска зона „Жабени“, од утре времено запира со работа, информираат за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката.

Вработените ќе одат на колективен одмор најмалку 14 дена, поради откажаните нарачки од клиентите во Германија и Шпанија поради состојбата со коронавирусот

„Производството целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде што се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија“, посочија од фабриката.

„Кромберг и Шуберт“ е германска инвестиција отворена во 2013 година, каде што работат речиси 6 000 вработени.