Епидемиологот Микиќ порачува: Здрави лица не мора да носат маски кога се на отворено


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нема потреба од носење маски од страна на здрави луѓе кога се на отворено, надвор, порача епидемиологот д-р Владимир Микиќ во синоќешната емисија Топ Тема на Телма. Според него, носењето маска на отворено може да е дури и контрапродуктивно.

Д-р Микиќ рече дека најважно е да се држи дистанца од два метри, а дека е препорачливо да се носи маска доколку се оди на лекар, доколку користите јавен превоз или имате контакт со заболено лице. Препорача и многу претпазливо користење на заштитните ракавици.

„Луѓето кога ќе стават ракавици мислат дека ја завршиле работата и сега се сигурни и можат да фаќаат што сакаат, заштитени се. Меѓутоа ние несвесно во текот на денот најмалку 20 до 30 пати го фаќаме лицето, дали очите, дали носот, дали устата, дали местиме наочари. Ако ги имаме ракавиците а пред тоа не сме ги измиле рацете а допреме загадена површина и ја пренесеме на лицето, како да не сме ги носеле. Од тој аспект можеби е подобро ракавиците во нормален живот да не се носат, вели д-р Микиќ.