Home Актуелно Борисов им порача на бугарските олигарски: „Ќе си ги продадете Мерцедесите и ќе им дадете плата на вработените“

Борисов им порача на бугарските олигарски: „Ќе си ги продадете Мерцедесите и ќе им дадете плата на вработените“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов со конкретна и бескомпромисна порака ги поздрави бугарските олигарси „да си ги продадат мерцедесите и да им дадат плати на работниците“, пренесува Гласник.

Оваа изјава Борисов ја дал истакнувајќи дека наместо да го направат тоа, бугарските олигарси и бизнисмени само бараат пари од државата и се жалат дека немало мерки.

„Нема спор дека ќе и помогнеме на економијата… Не спијам навечер, мислам како да не влеземе во рецесија“, истакнал Борисов, пренесува бугарски Стандард.

Тој изјавил дека не знае колкава ќе биде вкупната помош за економијата, зашто не знае колку време ќе трае епидемијата.

„Имаме вишок од седум милијарди, што можеме да ги потрошиме. Имаме можност да земеме пет милијарди заем, но што сакате – да ги потрошиме и после што?“, запрашал тој.

Нема како да бидеме побогати во вакво време, рекол Борисов и продлжил. „Но што прават олигарските во меѓувреме? Сите отидоа на скијање во Франција, во Куршавел, а сега се вратија и бараат пари. Тоа нема да биде“, рекол Борисов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Со Грашо живееше во луксузен пентхаус, а сега Данијела со инспекторот живее во ваков дом

Данијела Мариновиќ веќе две години е во љубов со Јосип Плавиќ, поранешен криминалистички и…