Спорт

Ви текнува на дуелот меѓу Пандев и Ибрахимовиќ од 2001 година во Ѓорче Петров?

Веројатно добар дел од вас се сеќаваат на фудбалскиот лидерски дуел помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Горан Пандев во 2001 година на стадионот во Ѓорче Петров.

На 1. ви септември 2001 година младата репрезентација на Шведска до 21 година гостуваше на Македонија во рамките од квалификациите за Европското првенство. Во тој тим на Шведска во тоа време играше Златан Ибрахимовиќ кој беше на почетокот на својата блескава кариера.

Ибрахимовиќ од денешна преспектива секако е најголемото име од тој тим на Шведска, но во таа генерација имаше уште неколку фудбалери кои подоцна изградија солидни кариери. Тимот со кој Шведска настапи беше следниот: Исаксон – Дорсин, Јохансон, Рисп, Тамандл – Ериксон – Калстром, Елмандер, Вилхемсон – Берглунд, Ибрахимовиќ (4-1-3-2).

Нашата репрезентација беше предводена од Горан Пандев, а играа уште: Игор Златановиќ – Бобан Грнчаров, Роберт Попов, Мирослав Вајс, Александар Васоски, Илир Елмазовски, Тони Мегленски Величе Шумилковски – Борче Постолов и Ацо Стојков (5-2-3).

Натпреварот заврши без победник 1:1, а головите ги постигнаа најголемите имиња на натпреварот Ибрахимовиќ и Пандев. Како што може да се види во видеото од шансите од натпреварите Ибрахимовиќ беше најопасниот играч и покрај голот имаше уште неколку прилики да ја погоди нашата мрежа.

Ние до изедначување стигнавме откако Пандев ја реализираше најстрогата казна.

Ибрахимовиќ и Пандев како стрелци на головите дадоа и свои изјави после натпреварот. Погледнете ги головите, шансите и слушнете што кажаа по средбата.

To Top