Home Спорт Емотивна прес-конференција на Енди Мари: Се расплака и најави крај на кариерата

Емотивна прес-конференција на Енди Мари: Се расплака и најави крај на кариерата

На прес-конференцијата исполнета со емотивен набој, британскиот тенисерски ас Енди Мари најави дека Австралија Опен може да му биде последен турнир во неговата кариера.

Мари со солзи во очите раскажуваше за сите негови проблеми со кои се соочил во последните две години.

„Не се чувствувам добро, патам веќе долго време. Претрпев многу болка во изминативе 20 месеци. Направив речиси се што можев за да го подобрам мојот колк, но ништо не помогна. Подобар сум во споредба пред шест месеци, но сè уште имам силни болки. Можам да играм на одредено ниво, но не на нивото на кое играв претходно. Мислам дека постои голема шанса Австралија Опен да биде мојот последен турнир. Сакам да го дочекам Вимблдон и таму да ставам крај, но не верувам дека ќе издржам уште четири или пет месеци со оваа болка.“ – изјави низ солзи Британецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Милена Поповиќ и Игор Јуриќ открија нешто за што долго молчеа – лекот бил пред нивните очи

Врската на Милена Поповиќ и Игор Јуриќ е сериозна од првиот ден Врската на Милена Поповиќ …