„Дожд“ од врели карпи врз туристите: Најмалку пет загинати во ерупција на вулкан на Нов Зеланд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црниот биланс од ерупцијата на вулан на новозеландскиот Бел Остров (White Island) засега изнесува најмалку петмина загинати и над 20 исчезнати.

Жртвите се туристи, кои во поголема група била видена како шета околу вулканот на Вајт Ајленд непосредно пред тој да еруптира.

Од островот се спасени 23 лица. Пет починаа од добиените повреди, а 18 се во болница, како исчезнати се водат повеќе од 20 луѓе.

Кога вулканот еруптирал, луѓето кои стоеле во негова близина најверојатно искусиле облаци од жешка пареа, отровни гасови и уривање на опасни карпи, јавува Си-ен-ен.

Според вулканологот Џесика Џонсон од универзитетот Ист Англија, отровните гасови биле толку интензивни што туристите можеле да почувствуваат мирис на хемикалии.

„Од вулканот, во чиј кратер се наоѓаше кисело езеро, веројатно излегувала жешка пареа, а поради ерупцијата се уриваа карпи“, кажа Џонсон.

Таа смета дека повеќето повреди нстанале поради самата експлозија, а помал дел од изгорениците биле предизвикани од пареата.

Дерек Вајман, геолог од универзитетот на Сиднеј, верува дека вулканот при ерупцијата исфрлил материјал кој имал околу 1.000 Целзиусови степени.