ДНК ги „собраа“ на едно место Боки 13, Заев, Мицкоски, Ахмети, Слаткар, Лазаров, Стоилов, Пандев и други познати фаци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата песна на Панчо и Андреј, дуото попознато како ДНК, насловена „Јави ми“, има измрдано откачен и интересен спот кој на едно место ги „собра“ буквално сите познати фаци од македонското блиско минато и сегашна реалност од сите сфери на општественото постоење – од политика, па до естрада.

„Јави ми“ е дело на Панчо, кој е автор на текстот, и Лазар Цветкоски кој стои зад аранжманот, мастерингот, додека музиката им е заедничка.

Кога станува збор за спотот, пак, тој е една интересно спакувана анимирана приказна за која идејата е всушност да се долови зближеноста и дружењето на познатите личности во едно комично и прилично несекојдневно издание. И воедно еден вид респект за секој поединечно, а кој е дел од проектот. Анимацијата, односно видеото е комплетно авторско дело на Никола Димов Nikola’s Art House (2020).

Во кадрите освен ликовите на Панчо и Андреј ги има и оние на Боки 13, Слаткар, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Симон Трпчески, Заев, Мицкоски, Ахмети, Антиќ, Каролина, Есма, Тоше, Ѓорѓи Колозов, Манасков, Стоилов, Лазаров, Пандев, Елмаз, Врчак, Лозано