Димитров си оди ако пропадне планот „Илинденска Македонија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последното интервју на новата 1ТВ министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека ќе се повлече од позицијата шеф на македонската дипломатија ако не успее проектот Република Илинденска Македонија.

Предходно тој ќе се обиде на средбата во Обединетите нации да биде прифатен овој предлог даден од македонска страна.

– Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот, рече Димитров во емисијата „Печат на неделата на „1ТВ“.

Посочи дека Илинден го има во двете преамбули на Уставот и оти тоа се двата столба на нашата државност.

– Тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија, рече Димитров.

Димитров ги потврди наводите на медиумите дека доколку одредницате е „Илинденска” тогаш Македонија ќе прифати новото име да се употребува и за внатрешна и за надворешна употреба при што ќе се менува и уставот.

Доколку Грција бара друга одредница како што објави вчера грчката влада тогаш Македонија нема да прифати ниту менување на уставот ниту ерга омнес употреба.

Димитров за прв пат откако се интензивираа преговорите ги потврди шпекулациите дека размислува за оставка. Неа би ја дал доколку пропадне последниот пакет кој што во саботата го предложи македонската страна.

– Веднаш ќе потпишам оставка, ако мислам дека тоа ќе и помогне на Македонија и дали ќе биде подобра без мене, дали процесот ќе биде подобар без мене. Прашањето на мојата лична одговорност е имаше ли нешто што можеше да го направам, а не го направив и направив ли нешто што не помогна. И без одговорност, ако има ефект мојата оставка да помогне, апсолутно сум спремен во кое било време да ја поднесам, тоа е поголемо од мене- рече Димитров на прашањето „каде ја гледа својата одговорност ако не успее преговарачкиот процес“ за „1ТВ“.

Додаде дека во пакетот за името, Грците се согласни дека ја признаваат македонската нација, а јазикот со овој предлог треба да биде македонски, со превод на сите јазици, со што не се заканува македонскиот идентитет.