Home Актуелно Ѕанакопулос: Грција прифаќа само предлози од Нимиц

Ѕанакопулос: Грција прифаќа само предлози од Нимиц

За грчката страна најдобро решение за име би било едно од оние што ги достави Метју Нимиц, вели портпаролот на грчката страна Димитрис Ѕанакопулос, индиректно ставајќи до знаење дека предлогот „Илинденска Македонија“ е неприфатлив и кој грчката влада со соопштениe го отфрли.

Ѕанакопулос го поздравил прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата премиери.

– Ние го поздравуваме прифаќањето ерга омнес од соседите, одговорно ги продолжуваме преговорите, нешто што не гледам дека го дели и го прави опозицијата и говорам за опозицијата речиси во целост, додаде портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, упатувајќи критики до Нова демократија дека нема расположение да функционира конструктивно.

„Што се однесува на името, не сме стигнати до таму Секако дека постојат предлози што биле ставени на маса, но, сепак, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози. Но, не сме стигнати до таму, треба да поминеме уште пат за да можеме да говориме за конечен договор“ изјави Ѕанакопулос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…