Дефинитивно е крај: Славната манекенка и милијардерот се разведуваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бракот на манекенката Ел Мекферсон и милијардерот Џефри Софер заврши после четири години, јави Page Six.

Ели и Џеф дефинитивно ставија крај“, рече добро упатен извор и додаде дека таа веќе ја напуштила нивнита куќа во Мајами и оти бара друга за себе и децата.

„Го поврзуваа со други жени, но тој тврдеше дека нема ништо повеќе од пријателство“, откри извор за можната причина за разводот на бракот.

Манекенката, за која многумина тврдат дека има најдобро тело во светот поради кое заработи прекар „The Body“, има два сина од својата врска со Арпад Бушон, а пред него беше омажена за фотографот Жил Бенсимон.

Австралиската манекенка и милијардерот беа заедно две години, па прекинаа, па повторно после осум месеци се смириле и тајно венчале во 2013 година на Фиџи.