Home Спорт Светското останува желба: Тежок пораз на нашите ракометарки во Шведска

Светското останува желба: Тежок пораз на нашите ракометарки во Шведска

Женската ракометна селекција на Македонија е поразена синоќа во реванш баражот за пласман на Светското првенство од селекцијата на Шведска со 46:27 (26:11).

Шведска со вкупен резултат од 77:47 ја победи Македонија во двомечот и избори пласман на Светското првенство што на крајот од годината ќе се игра во Германија.

Во текот на целиот натпревар Шведска имаше водство, а шведските ракометарки постигнуваа гол од речиси секоја позиција.

Најефикасна на дуелот беше Луис Санд од Шведска со 9 голови, додека кај Македонија напрецизни беа Мирјета Бајрамоска и Сара Ристовска кои постигнаа по 6 голови.

Покрај Шведска на Светското првенство вечерва пласман обебзеди и Романија, која и во реваншот како гостин ја совлада Австрија со 33:24 (прв натпревар 34:29 за Романија). Другите седум реванш бараж дуели се играат утре и задутре.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…