Временска прогноза за оваа среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови земјава, а локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.

Повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, како и во четврток претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува и во сабота попладне. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степен.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степени.