Дали знаете што е вагинизмус?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вагинизмус е посебна физичка состојба при која доаѓа до стегање на вагиналните мускули, поради што пенетрацијата, па дури и обичното ставање на тампон за месечен циклус во вагината се отежнати или речиси невозможни. Притоа се јавува болка и сексуалните односни се проблематични.

Причините за оваа состојба може да бидат како од физичка, така и од психолошка природа. Во психолошки се вбројуваат оние од типот на страв од однос, пенетрација и несакана бременост, трауми, сфаќања втемелени од детството и слично. Физичките причини пак ги опфаќаат вагиналните проблеми, хормонални промени поради менопауза, како и проблеми настанати после породување.

Како да се справите со проблемот?

Кога станува збор за вагинизмусот секс терапевтите најчесто препорачуваат комбинацијата од советување и применување на соодветни вежби наменети за вагиналните мускули.

Жените зборуваат за своите претходни сексуални искуства, емоциите и нештата кои што би можеле да ја предизвикаат оваа состојба, доколку истата не е предизвикана од некој физички фактор. Потоа преку вежби и користење на вагинални дилататори со различни големини и дебелини тие учат како да ја опуштат вагината и повторно да ја вратат контролата врз своите мускули.

За време на овој процес се препорачува доколку жената има партнер и тој да земе учество и да биде покрај неа. Притоа парот започнува да практикува определени техники кои треба да го олеснат односот и со текот на времето да го направат потполно безболен и полн со задоволство.