Home Актуелно Црн список на УЈП должници: Еве кои се најзаборчени

Црн список на УЈП должници: Еве кои се најзаборчени

Бројот на должници кон државата незадржливо расте. Управата за јавни прихди ја објави новата листа на должници  за долгови доспеани до 31.01.2018 и неплатени до 30.04.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупниот долг е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

И овој пат физички лица, претпријатија, приватни но и државни компании чиј број изнесува 4391 се најдоа на црната листа на УЈП.

Прв на листата најголеми должници е компанијата ОТЕКС А.Д. Охрид со вкупен долг од 836,157 денари.Втор на должничката листа на УЈП е Ел Дон Кастило Ангел Д.О.О.Е.Л. Експорт Импорт Скопје, а зад него се ИНДУСТРИЈА ЕЛ АЗТЕКА ДОО Скопје и Мотор Коач Индустрија Интернационал ДОО Скопје.

Не изостанува од листата ниту Македонија Пат која стигна до долг од над 367 милиони денари, а должници на државата се уште се и јавните комунални претпријатија од Тетово и Гостивар. Долг има и ХЕДИС ДОО Скопје а меѓу должниците место има и за Македонската Радио Телевизија.

Целосната листа на должници може да ја видите тука.

Извор: Фактор

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…