Home Спорт Дали ќе успее да го сруши рекордот на Пушкаш?

Дали ќе успее да го сруши рекордот на Пушкаш?

Португалскиот репрезентативец со 75 голови за националниот дрес има шанси да го сруши рекордот на унгарската легенда Ференц Пушкаш на листата на најдобри стрелци во европските репрезентации.

Кристиано Роналдо со голот во мрежата на Нов Зеланд на Купот на конфедерациите се изедначи со друга унгарска фудбалска легенда, Шандор Кочиш, и сега е на – 9 голови од рекордерот Пушкаш.

Пушкаш, исто како Роналдо, своевремено го носел клупскиот дрес на Реал Мадрид. Во периодот од 1945 до 1956 постигнал 84 голови за репрезентацијата на Унгарија.

Само во текот на овој месец Роналдо на 4 натпревари за Португалија во квалификациите за Светското првенство и на Купот на конфедерациите постигна 4 голови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…