Home Актуелно ЦИА, 1949: Југославија на Шар Планина ги гради своите најголеми магацини за оружје

ЦИА, 1949: Југославија на Шар Планина ги гради своите најголеми магацини за оружје

Според овој документ објавен во материјалите на ЦИА посветени на Југославија, вклучително и Македонија, а кои се дел од 13 милиони документи кои од својата архива ЦИА ги направи достапни за светската јавност, се тврди дека Југославија на јужните падини на Шар Планина своевремено ги градела најголемите и најснабдени магацини за оружје.

27 магацини, камуфлирани со карпи, на висина помеѓу 1.500 и 2.000 надморски метри, на потегот помеѓу Тетово и Призрен, биле планирани да бидат изградени како најснабдени магацини со оружје во тогашна Југославија.

Магацините биле планирани на јужните падини од Шара, кај селата Бозовец, Вешала, Бродец, Шипковица, Селце, Сетоле, Лешок и Брезно, како и на северните падини кај селата Плајник, Куковци, Брдасавци, Манастирица, Мусниково.

Иако биле помалку на број во споредба со магацините на Динарските Алпи, сепак, овие магацини биле далеку поснабдени со оружје од другите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…