Home Шоубизнис Човекот е убеден дека вакцините предизвикуваат аутизам кај децата

Човекот е убеден дека вакцините предизвикуваат аутизам кај децата

Роберт де Ниро му се приклучи на претседателот на Управниот одбор на World Mercury Project, Роберт Ф. Кенеди Помладиот во расправата за вакцините, која се одржа во Вашингтон.

Актерот беше учесник на панел дискусијат, на која се зборуваше за тоа дека вакцините предизвикуваат аутизам и дека високата содржина на жива во нив им штети на децата.

И покрај големиот број студии, кои ја негираат врската меѓу имунизацијата и атузимот, Кенеди, кој ја доби поддршката од Де Ниро, изјави дека вакцините предизвикуваат „епидемија на аутизам“ и ги обвини новинарите и Владата дека ја кријат вистината за безбедноста на имунизацијата.

Де Ниро целосно се согласи со него. – Мило ми е што сум тука. Јас мислам дека она што Боби го раскажа е прекрасно. Ни самиот тоа подобро не би го кажал. Се согласувам со него сто отсто, рече тој.

Актерот минатата година даде одобрение на фестивалот Трибека, чиј основач е тој премиерно да се прикаже контроверзниот документарен филм за наводната поврзаност на вакцините со аутизмот, но подоцна се откажа од тоа поради острите критики на научната заедница. Режисер на филмот е дискредитираниот доктор, Ендрју Вејкфилд, кој никогаш не успеа да го докаже неговото тврдење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …