Чини 5 милијарди долари: При крај е изградбата на најскапиот спортски стадион на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Градежните работи за SoFi стадионот во Лос Анџелес се во завршна фаза, а минатата недела фотографи го снимија ентериерот на овој објект што може да се пофали со титулата на најскапиот стадион на светот.

Новиот дом на два НФЛ-екипите, Los Angeles Rams и Los Angeles Chargers,, заедно со придружната инфраструктура, чини дури пет милијарди долари, од кои најмалку 2,6 милијарди отпаѓаат на самиот стадион, пренесува stadiumdb.com.

Стадионот е централниот дел на комплексот Холивудски парк во Инглвуд (дел од поголемата Л.А. област) кој вклучува сала за 6.000 лица, згради со 18.000 квадратни метри канцелариски простор, казино и секако огромен паркинг.

Самиот стадион има капацитет од 70.000 седишта, кои доколку е потребно може да се прошират на 100.000. Но, поради пандемијата на коронавирус, извесно е дека првите гледачи нема да бидат примени пред 2021 година. Стадионот е делумно закопан во земја, а тревникот и трибините се покриени со голем, проѕирен покрив.

Прелиминарниот дизајн на стадионот „Холивуд парк“ го направи познатата компанија HKS Architects, чии архитекти дизајнираа голем број на големи (и скапи) стадиони и сали во САД. Градежните работи на стадионот и придружната инфраструктура започнаа во ноември 2016 година и ќе бидат подготвени за почетокот на новата сезона во НФЛ.