Славни

„Буцкото“ од Сомбор на врвот од кошаркарскиот свет: Јокиќ прогласен за MVP во НБА

Српскиот кошаркарски феномен Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата

Феноменалниот кошаркар на Денвер е прогласен за најкорисен играч во најсилната лига во светот пред центарот на Филаделфија, Џоел Ембид и одличниот шутер на Голден Стејт Стеф Кари.

Јокиќ зад себе има феноменалната сезона со страшна статистика. Во регуларниот дел имаше просек од 26.4 поени, 10.8 скокови, 8.3 асистенции по натпревар.

Процентот на шутот му е навистина одличен, па одигра во првиот дел од сезоната шутираше дури 57% и неговиот тим дојде до третото место на Западот со скор од 47 победи и 25 порази.

To Top