Буквата која беше кобна за нацистите во Втората светска војна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дали знаете која е разликата помеѓу криптогамист и криптограмист? Ако не знаете, без гајле и нервози. Тоа не го знаеле ниту челните луѓе од британското Министерство за одбрана пред и за време на Втората светска војна.

Токму таа една буква, „Р“, која ги разликува овие два збор, испадна кобна за нацистите во Втората светска војна.

Во 1939 година тогашното министерство го регрутирал Џефри Тенди за работа во тајниот британски и подоцна сојузнички центар за криптоаналитика за дешфирирање на непријателските шифри, Блечли парк, познат по успешното декодирање на германската „Енигма“ машина.

Тенди дотогаш работел како криптогамист, односно експерт за бесцветна репродукција на растенија, како што е морската трева, папрат и мов. Некој од Министерството за одбрана го помешал името на неговата професија (криптогамист) и професијата на оној кој ги дешифрира шифрираните пораки (криптограмист или криптограф).

На тој начин Џефри Тенди завршил во тимот на познатиот математичар Алан Тјуринг, работејќи на дешифрирање на најпознатиот уред за шифрирање на пораки за време на Втората светска војна.

Танди дал сè од себе за да го научи сето она што било важно и неопходно за професионално да си ја заврши работата за која бил по грешка избран. Во Блечли паркот работел две години. Иако не бил математички гениј како Тјуринг, тој одиграл значајна улога во дешифрирањето на „Енигма“.

Токму тој успех, според тврдењата на некои историчари, влијаел на исходот на и поразот на нацистичка Германија.