Топла среда со температури до 25 Целзиусови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И денес во Македонија ќе имаме генерално пролетни временски услови. Претпладне ќе биде умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали, а дневната температура ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Поголемо наоблачување со локален дожд ќе има за време на викендот и во почеток на наредната седмица.