Британското радио „Exe“ ги забрани песните од Рита Ора – еве ја причината за тоа


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Познатата пејачка Рита Ора деновиве ја разбранува британската јавност со организирањето на роденденска журка во ресторан за да го прослави 30. роденден, со што го прекрши законот во Британија за карантин и јавни собири, радиостаницата „Exe“ ги забрани нејзините песни.

„Рита Ора ги прекрши правилата за карантин. Нашиот презентер на утрински вести Бен Кларк не е среќен поради тоа, па вели дека нема да ги пушта нејзините песни во блиска иднина“, стои во објавата на Твитер.

Ни фановите на пејачката не беа среќни што таа среде пандемија решила да се журка со пријателите. Тие јавно ја осудија Рита, а полицијата влезе на забавата, го затвори ресторанот и пејачката ја казни со 10.000 фунти. По ова Рита се извини, но во јавноста не престануваат да ја критикуваат.