Home Актуелно Почина Благоја Стефановски-Баге

Почина Благоја Стефановски-Баге

Како последица на компликации од КОВИД-19, на 67-годишна возраст почина Благоја Стефановски-Баге, актер и долгогодишен директор на Битолскиот народен театар, поранешниот министер за култура, поранешен пратеник, како и спортски работник вклучен во Ракометниот клуб Пелистер.

Благоја Стефановски-Баге, беше човекот кој живееше за театарот и за културата, многу години посветени на културата во земјава и нејзина валоризација надвор од државните граници. Минатата година тој ја го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…