Божиќниот хит на „Кралицата на Божиќ“ прв пат на 1. место во 25 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Божиќниот хит на самопрогласената „Кралица на Божиќ“, Мараја Кери, песната „All I Want For Christmas Is You“ конечно го достигна врвот на топ листите на Билборд „Хот 100“ цели 25 години после неговото премиерно објавување.

Кога Кери ја објави песната во 1994 година, таа беше објавена на ЕП, но не како сингл, па не можеше да се натпреварува ниту за списокот на Билборд. Откако се сменија правилата, песната првпат се најде меѓу 100-те најслушани во 2000 година, а последниве години се доближи до врвот.

„Го сторивме тоа“, напиша Кери на Твитер.

„All I Want For Christmas Is You“ е една од најпознатите Божиќни песни на сите времиња и во моментов е најемитуваната песна на Spotify во Велика Британија. Таа започна да се здобива со популарност во 2003 година, откако беше искористена во хит филмот „Љубов всушност“.

По повод 25-годишнината од објавувањето на оваа песна, Кери ја засили својата промоција, особено на социјалните медиуми. Покрај тоа, таа сними ново видео и ја објави песната како сингл за прв пат, пренесува BBC.

Според Билборд, песната се емитувала 45 милиони пати преку интернет, 34 милиони пати на радио, а скоро 30.000 луѓе купиле дигитална копија на песната само минатата недела.

Ова е 19-ти пат кога американската пејачка е на списокот „Билборд 100“, но веќе го држи рекордот како соло уметник кој го искористи максимумот од списокот. Досега, тоа им успеа само на Битлси, кои имаа 20 песни на топ листи на Билборд.

„Фановите се воодушевени, а луѓето со кои сум блиска, разговараа за неа цела година. Сепак, не ми треба никој да ја потврди вредноста на песната. Порано ја критикував секој пат кога ќе ја слушнев, и сега се чини дека конечно можам да уживам во неа!“, напиша Кери.