Најголемо на светот: Шише со 105 литри 14 години старо виски продадено на аукција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемото шише виски полно со 105,3 литри 14 години старо виски од произведувачот „Tomintoul” беше продадено во неделата на божиќна аукција за 18.000 евра.

Шишето тежи околу 180 килограми, е висок околу еден метар и пол, а од него може да се наполнат околу 5,250 чаши.

Големото шише содржи 150 обични шишиња со виски и е затворено со тапа со дијаметар од 20 сантиметри. Истото го наполни тим од 14 лица на дестилеријата „Tomintoul” во август 2009 година.

Шишето за прв пат беше донесено од селото Хајленд во 2012 година за да биде претставено на изложбата на шкотски виски во Единбург. Тогаш неговата вредност беше проценета на 6.000 фунти.

Директорот на аукцијата ,,Виски”, и ко-основачот Греам Крејн изјави пред продажбата дека „повремено постои можност да се купи навистина уникатно шише виски“ и дека „ова е без сомнение една од нив“.

„Задоволни сме што понудивме огромно шише за продажба овој месец и се надеваме дека среќниот клиент ќе има доволно голем Божиќен чорап за вистинскиот Божиќен подарок, ако е подарок, или да планираме новогодишна забава што ќе се запамети“, рече Крејн.