Филм / ТВ

Бомби, криминалци, алкохол: Бизарни детали од снимањето на „Убавите села, убаво горат“

Поминаа две децении од снимањето на „Убавите села, убаво горат“ (Lepe sela, lepo gore) од Срѓан Драгојевиќ, по приказна на Вања Булиќ. Филмот веднаш после снимањето стекна статус на култно филмско четиво, а постојат многу ствари поврзани со неговото снимање кои донеодамна беа непознати за јавноста.

„Војниците кои се појавуваат во филмот не се статисти, туку вистински униформирани лица. Еден од војниците кому продукцијата му остана должна една дневница, се појави на снимањето на сет со кашикара во рацете и се закануваше дека ќе се разнесе ако не му се исплатат парите. Дневницата беше 20 марки“, е еден од помалку познатите и контроверзни факти поврзани со снимањето на овој култен филм. Еве ги и другите.

Никогал Пејаковиќ Коља паузите од снимањето ги поминуваше со деминерите кои одеа на секоја локација пред филмската екипа за да проверат дали има поставено скриени мини на просторот на кој ќе се снима“.

„Сцената во која Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ играат кошарка била одвај снимена бидејќи Коља бил пијан. За да го прослават успешното завршување на снимањето на сцената се сликале во свињарник, но Коља не се сеќава на тоа“.

„За да снимаат во воените подрачја, филмската екипа морала да соработува со воените главешини, од кои некои подоцна завршија во Хаг“, пренесува Blic.rs.

„Тешко е да се говори за тоа денес, но тоа не беше нормално снимање. Главите нам не ни беа нормални. Не беше нормална ситуација, главите не ни беа исти како денес. Никој од нас не беше ист како што сме денес“, изјави Коља за Mondo.

Пред снимањето, екиапта била на прием кај Радован Караџиќ, па потоа и кај Ратко Младиќ. Бјелогрлиќ се потсеќа на тие средби: „Не примија во еден бункер и веднаш ми рекоа ’Бјелогрлиќ, дали си ти од Гацка? Па сите гачани се кршни луѓе, а ти си некое гатачко џуџе’. Сите негови офицери прснаа во смеа на ова, а јас му дофрлив „Па, генерале, и вие не сте некој јаблан’. Настана молк. Тишина која ја прекина Младиќ со смеа, по што сите почнаа да се смеат. Три часа бевме кај него, и тоа седум ката под земја. Ракија, мезе, ќебапи. Го прашувам дали го прочита сценариото. Ми рече дека го порочитал и прашува што ќе ни се тие четници во тунелот? Каде има тука четници?“.

Драгојевиќ и Бјелогрлиќ се сеќаваат и како после тоа биле одбиени од Никола Кољевиќ и за најмала помош, и дека Република Српска не сакала да учествува во снимањето на овој филм. Екипата вели „замислете колку би било ужасно да моравме да напишеме благодарност до Караџиќ и Младиќ“. Инаку филмот е снимен на територија на Република Српска, главно во Вишеград.

„Еден тип од Вишеград, не се сеќавам на неговоти име и не сакам да се сетам, во времето додека го снимавме филмот, една вечер во кафеана раскажуваше како на шега, една одвратна приказна, за тоа како муслиманите бегалци – жени и деца, се криеле во тунелите. А овие гаѓале од топови право во тунелите за да погодат што повеќе луѓе. Тоа беше време кога вакви приказни се раскажуваа како анегдоти“, вели Бјелогрлиќ за Nedjeljnik.rs. тип

Advertisements
To Top