Блатер обвинува: Саркози и Платини го наредија доделувањето на Светското првенство на Катар

Бившиот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер, повторно обвинувачки го впери прстот во Никола Саркози и Мишел Платини како одговорни за интервенција Катар да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година.

Ова се случува ден по објавувањето на информации дека постои наводен таен договор меѓу ФИФА и телевизискиот канал „Ал Џезира“.

„Во секој случај изборот на Катар за СП во 2022 година беше направено по политичка интервенција на претседателот на Франција во тоа време, Никола Саркози, барајќи Мишел Платини, со своите блиски, да гласа за Катар“, објасни Блатер.

Швајцарецот беше суспендиран од ФИФА поради нередовни исплати на Мишел Платини.

„Овие четири гласови придонесоа за Катар да излезе пред САД. И оваа ситуација ги предизвика нападите на губитниците против ФИФА и мојата личност: Англија загуби против Русија во 2018 година додека САД изгубија од Катар“, додаде Блатер.

Истиот ден, на 2 декември 2010 година, Светското првенство во фудбал 2018 беше доделено на Русија (Англија беше елиминирана во 1 круг) и на општо изненадување, Светското првенство за 2022 на Катар, кој излезе победник пред САД.