Бил киднапиран пред 32 години – денес конечно си ги најде вистинските родители (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинезот Мао Јин бил киднапиран во 1988 година, кога имал само 2 години. Денес, 32 години подоцна, со голема помош на полициските служби, тој успеа да си ги најде своите вистински, биолошки родители.

Мао Јин во 1988 година имал две години кога го киднапирале пред хотел во градот Ксиан, соопшти локалната полиција. Момчето било продадено на еден брачен пар без деца во соседната покраина сечуан, кои го одгледале како сопствено дете.

Мистеријата се разрешила во април годинава, кога полицијата добила повик дека маж во Сечуан, за време на 80-тите години купил дете.

Преку техника за препознавање на лица, негови стари фотографии од малиот Мао Јин биле споредени со националната база на податоци со фотографии и лични документи. Со ДНК тест е потврдено дека е киднапираното дете, кое пораснало без да ја знае својата вистинска приказна.