Белгиските научници тврдат дека ја знаат научната причина зошто на Балканот има помалку жртви од коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Експертските истражувачки тимови од белгискиот универзитет Гент веруваат дека преку генетските варијации кај популацијата може да се објасни зошто во некои земји многу поголем број луѓе настрадале од коронавирусот за разлика од далеку помалата смртност во други земји.

Според нив, скандинавските земји и оние од Источна Европа се помалку погодени од пандемијата од другите земји како резултат на разликите во гените. Имено, во скандинавските земји бројот на починати е многу помал од просекот, додека во балканските земји, бројот на починати е исто така релативно мал. Наспроти тоа, пандемијата на „ковид-19“ сериозно ги погоди северна Италија, Шпанија и Соединетите Американски Држави.

Одредени генетски карактеристики влијаат на нивото на пандемијата на „ковид-19“, заклучиле експертите од Универзитетот во Гент, објаснувајќи дека откриле очигледна врска помеѓу генот ACE1 и ковид-19, пренесува „Ла Либре“.

Белгиските научници откриле дека колку повеќе луѓе во една земја имаат Д полиморфизам на генот ACE1, толку има помалку смртни случаи од ковид-19.

Полиморфизмот е термин што во генетиката се опишува како појава на повеќе варијанти на истиот ген во рамките на една популација (повеќе алели на истата локација во ДНК).

“Колку повеќе одиме на исток во Европа, почест е полиморфизам на генот ACE1 D. Ова е во корелација со сериозноста на пандемијата на коронавирус, односно, гледаме дека епидемијата на ковид-19 се намалува како што се движиме од западна кон централна и источна Европа”, објасни микробиологот и имунолог Јорис Деланге од универзитетот во Гент.

Експертите веруваат дека оваа форма на полиморфизам на гените ACE1 може да сочинува до 41% од разликата во нивото на пандемија низ земјите. Откако ја споредиле зачестеноста на полиморфизам кај жителите на 25 земји во Европа, Блискиот исток и Северна Африка со податоците од универзитетот Џон Хопкинс за бројот на инфекции и смртни случаи во овие земји, откриле јасна корелација помеѓу генетскиот полиморфизам на ACE1 D и сериозноста на пандемијата.