Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џејмс Хауелс од велшкиот град Њупорт пред четири години направил фатална грешка за која сега сигурно е милион пати пишман.
Типот по грешка фрлил стар хард диск, што денес го чини загуба од вртоглави 85 милиони евра.
Имено, во 2009 година Хаулес почнал да „печали“ биткоини, при што за кусо време веќе поседувал 7.500 од овие криптовалути, кои ги зачувал во посебен фајл.
Неколку години подоцна тој го расклопил својот лап топ и го продал на делови, задржувајќи го само хард дискот, кој го оставил на „сигурно место“.
Сепак, при едно „големо расчистување“ на домот на Хауелс во 2013 година, хард дискот завршил во контејнер за отпад, со што во неповрат отишле и неговите заштедени биткоини.
Доколку сега имаше можност да ги продаде тие 7.500 биткоини, Хаулес ќе заработеше околу 85 милиони евра.
„Несреќи се случуваат. Едноставно продолжуваш да живееш со тоа. Отсекогаш занев дека биткоинот ќе достигне вака висока вредност“, изјави Хаулес за магазинот „Метро“.