Беретките во боја внесуваат свежина во есенската и зимската гардероба
И наједноставната облека може да изгледа повпечатливо со добро избран моден додаток. Оваа есен и зима, класичната француска беретка добива поразигран изглед: наместо само црни, сиви и беж модели, во преден план се живите бои што ги освежуваат комбинациите за студените денови.