Ким Кардашијан ја откри фраерската тајна од Канје Вест


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Популарното ТВ шоу Keeping Up With Kardashians ја доживеа својата десетгодишнина од прикажувањето, а за таа прилика семејството се собра на едно место за да поразговара за најважните моменти во изминатите десет години.

Во текот на епизодата беа начнати многу важни животни пресвртници, меѓу кои Ким откри како таа се запознала со Канје Вест и се вљубила во него.

„Го запознав во 2002 или 2003 година. Тогаш снимаше песна со мојата пријателка Бренди. Добро се сеќавам на тоа дружење. Подоцна ги прашал своите пријатели која е Ким Кардајан. Не ни запамтил како точно се презивам. Разговаравме пред да се омажам за Крис Хемфрис, но јас одлучив да одам во друг правец. Мислам дека едноставно морав да поминам низ тоа за да сфатам што сакам. После мојот развод се чувствував навистина лошо, а тој ме покани на модна ревија во Париз. Се шегуваше дека ја организирал таа ревија само за да излезе со мене. Отидов и така ја започнавме врската. Од моментот кога слетав лудо се вљубив во него. Си помислив: Боже, зошто ова не се случи порано? Така тоа треба да биде во животот – љубов, забава и вистинска поддршка“, заклучува Ким.

Во едно поранешно интервју со Опра таа раскажа дека токму долгогодишното пријателство било силен темел врз кој тие подоцна ја изградиле нивната врска.

„Се познававме долго време, бевме пријатели шест или седум години. Постои нешто утешително во тоа да си со некој кој знае сè за тебе и те разбира. Сме минале низ многу слични нешта и тоа не поврза“, раскажа во таа прилика Ким.

Најди ги најдобрите казино бонуси на casinobonus.mk