Таа е првата Европјанка која направи салто наназад со инвалидска количка (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


13-годишната Лили Рајс од Пемброкшир е првата Европјанка која успеа да направи салто наназад во количка.

Лили својот подвиг го изведе во објектот Рампворлд во Кардиф после шестмесечни тренинзи. Бројните обиди беа неуспешни, но девојчето не се откажуваше и на крајот успеа да ја оствари својата цел.

Таа боледува од наследна спастична параплегија, која предизвикува слабост во долниот дел од телото. Лили се надева дека ќе учествува на натпреварувањето Wheelchair Moto X, кое ќе се одржи во Калифорнија следната година.